SPORTM.mk
Јовановска го напушти Кристијанштад и потпиша за Скрим Конгсберг
Македонската ракометна репрезентативка Дајана Јовановска се раздели со тимот на Кристијанштад и во новата сезона ќе ги брани боите на тимот на Скрим Конгсберг од Норвешка.
Норвешкиот тим не успеа да избори опстанок во елитата минатата сезона, но со носење на неколку квалитетни ракометарки, вклучувајќи ја и Јовановска, тимот има амбиции да се врати во најсилната лига.
Дебито за новата екипа Македонската се очекува да го има на 8 септември, кога Скрим игра на домашен терен против Флинт Тонсберг.
Пред да замине за Скандинавија, Јовановска пет сезони го носеше дресот на Металург.