Ракомет
Јовиќ: „Ќе дадеме се од себе против непоразениот Монпеље„
Металург на домашен терен се надева на победа над фаворитот Монпелје со која ќе ги задржи шансите за втората позиција во групата.
„Со Чеховски Медведи покажавме како не треба да се игра. На средбата со непоразениот Монпелје во Лигата на шампиони треба да го исклучиме егоизмот од минатата средба и да покажеме како се бранат боите на клубот. Тие се апослутен фаворит но тоа не значи дека ние не треба да дадеме се од себе на натпреварот.“ -изјави Александар Јовиќ.
Натпреварот се игра во недела со почеток од 19:00 часот во Спортскиот центар „Борис Трајковски“.
Вардар пак во сабота гостува кај Загреб, средба на која составот на Раул Гонзалез не би требало да има проблем да ја запише и шестата победа во Лигата, а во утре настапува и женскиот состав на Вардар кој на дуелот со ФТЦ ќе се обиде да ја осигура првата позиција во групата Ц.