Connect with us

Ракомет

Јовиќ по победата над Татран Прешов: Ја сакам Битола, го сакам клубот, заедно можеме многу!

Тренерот на Еурофарм Пелистер задоволен од победата против Татран Прешов. Еве што изјави после мечот.

-Имавме одличен ангажман во фаза на одбрана, бевме агресивни, ги затворивме сите нивни акции, што ни донесе лесни голови во транзиција. Голема благодарност до играчите за ангажманот и желбата за победа што ја покажаа против квалитетниот ривал.

Исто така, сакам да искажам благодарност до публиката што дојде во толкав број. Но, би сакал да ги замолам и да им кажам дека нам во овие два месеци ни се потребни сите играчи. Многу ја сакам Битола, го сакам и клубот и мислам дека оваа сезона имаме голема шанса да ги оствариме сите цели. Затоа би ги замолил сите во овие два месеци да се сплотиме, да бидеме една целина, бидејќи само така можеме да ги оствариме целите.

Нам Хосни ни е потребен како играч и само заеднички можеме до успех. Моја молба до публиката е да ни даде поддршка и јас ветувам дека нема никој да ги изневери.