Поврзи се

Ракомет

Јовиќ: Треба да поработиме на одбраната и да ги намалиме грешките

Екипата на Металург синоќа одигра добар меч против ППД Загреб во хрватската престолнина, но загуби од домаќинот со 30:28 во рамките на 14 коло од регионалната СЕХА лига.

Тренерот на тимот од Автокоманда, Александар Јовиќ, му честиташе на противникот за заслужената победа.

– Одигравме добар натпревар. Загреб ја имаше контролата врз играта во поголемиот дел од натпреварот и јас морам да бидам искрен и да го кажам тоа. Нашата одбрана денеска требаше да биде малку подобра и во иднина ќе мораме да поработиме на минимизирање на бројот на грешките. Загреб денеска имаше неколку расположени ракометари, а Конрец одлично реагираше во ситуации „два на два“. Се на се, заслужена победа на Загреб, изјави по мечот Јовиќ.

Халил Јагањац, кој постигна девет гола во мечот против Хрватите, изјави дека мечот го решил ситни детали, но дека домаќините биле подобриот тим.

– Не загубивме со голема разлика. Во тесен натпревар решија ситните детали, а еден таков се трите гола на противничкиот голман. Се разбира, тие денеска беа подобриот тим, изјави Јагањац на пресот по мечот.

ФОТО

loading...

Повеќе од Ракомет

WP Facebook Auto Publish Powered By : XYZScripts.com