Фудбал
Јулијан Нагелсман е се поблиску до Тотенхем
Џулијан Нагелсман е се поблиску до преземање на Тотенхем, пренесува Sky Sports. Претседателот на „мамузите“ Даниел Леви е дециден за Германецот и наскоро треба да има финални преговори.
Германскиот новинар Флоријан Плетенберг тврди дека Нагелсман го сака Тотенхем и го смета за голем клуб со голем потенцијал.
Единствено што го загрижува е колку ќе биде вклучен во трансферите и формирањето на клупската политика.
Германскиот гигант Баерн Минхен прилично ја изненади фудбалската јавност кога на крајот на март го отпушти 35-годишниот Јулијан Нагелсман и го замени со Томас Тухел.
Тотенхем моментално е под втор привремен менаџер по отпуштањето на Антонио Конте.