Connect with us

Фудбал

Јунајтед му прави проблеми на Интер, 40 милиони за јануарски трансфер

Манчестер Јунајтед со 40 милиони ќе се обиде да го убеди Тотенхем да им го продаде играчот од средниот ред Ериксен. Иако е еден од најдобрите фудбалери во светот на таа позиција, сепак неговата цена во моментов е „ниска“ бидејќи договорот му истекува во јуни следната година, па може да замине како слободен играч.

Дел од италијанските медиуми објавија дека Интер веќе стапил во контакт со менаџерите на Ериксен во обид да го ангажира. Кој ќе победи во трката, останува да се види.