Connect with us

Фудбал

Јунајтед никако да заигра, Аренал однесе бод од „Олд Трафорд“

Од последните 19 натпревари Манчестер Јунајтед на 16 постигна помалку од два гола. Не е ни чудно што ниту против Арсенал „Црвените ѓаволи“ не успеаја повеќе од еднаш да ја затресат мрежата на противникот. А, кога е така тешко се стигнува до победа.

Вечерва од „Олд Трафорд“ замина со еден бод во натпревар на кој тимот на Оле Гунар Солскјаер не покажа ништо. Имаа повеќе шанси, статистички, но пред се тоа беа удари од дистанца.

Така беше постигнат и водечкиот гол на „Јунајтед“. Пред истекот на првиот дел Мектоминеј од дбаесетина метри шутираше одлично за 1:0.

Сепак, не помина долго откако стартуваше второто полувреме, а Арсенал израмни. Стрелен на голот беше Обамејанг.

Имаше шанса Рашворд да донесе победа на Јунајтед во судиското продолжение, но гостинскиот голман Лено, сепак успеа да ја сочува својата мрежа.

По ова дерби, Арсенал е на четвртото место со 12 бодови, додека Манчестер Јунајтед е на 10-то место со само 9 освоени бодови.