Connect with us

Фудбал

Јунајтед подготвува 200 милиони евра за јануари и тоа само за два трансфери

Како што пренесуваат англиските медиуми, Манчестер Јунајтед во јануари ќе се обиде да ангажира две големи засилувања. Свесни се во клубот дека немаат време за чекање, дека имаат бројни проблеми, но се чини дека конечно ќе се најде решение.

Го продадоа Лукаку, го пуштија Алексис Санчез на позајмица, јасно е дека Чилеанецот нема да се врати, па се обидуваат да најдат соодветна замена.

Солскјер е подготвен промените да ги направи во јануари, а раководството подготвило 200 милиони евра.

Првата желба е Ерлинг Халанд, стрелец на 26 голови на 18 настапи оваа сезона во дресот на австриски Салцбург. Супер талентот, кој има 19 години ја воодушеви Европа, откако стана прв стрелец во досегашниот тек од ЛШ со 7 погодоци.

Втората голема желба е Џејдон Санчо од Борусија Дортмунд. Младиот англиски репрезентативец запиша 18 голови и 31 асистенција на 71 натпревар во дресот на „Милионерите“. Нивната проценета вредност во моментов е по околу 100 милиони евра.