Фудбал
Јунајтед со играч на Барселона ќе го руши клупскиот рекорд?
Според англискиот весник „Индипендент“, во зимскиот преоден рок Манчестер Јунајтед ќе се обиде да го сруши клупскиот рекорд кога се во прашање трансферите. Весникот пишува дека англискиот тим сака во своите редови да го види 22-годишниот играч на Барселона Осман Дембеле, за што се подготвени да платат неверојатни 110 милиони евра. Засега клупскиот рекорд на Јунајтед го држи Пол Погба, кој од Јувентус се пресели на „Олд Трафорд“ за сума од 105 милиони евра.
„Индипендент“ тврди дека Барселона е подготвена да го продаде Дембеле, а парите да ги вложи во враќање на Нејмар на „Камп Ноу“.
Дембеле во Барселона пристигна од Борусија Дортмунд пред две години за сума од 125 милиони евра, но не ги исполни очекувањата, иако беше прогласен за голем талент и голема надеж.