Кошарка
Јуниорите на Работнички ја одбранија титулата во М18
Екипата на Работнички ја одбрани титулата во јуниорската конкуренција (до 18години) откако вчеравечер во финалето од кошаркарскиот Ф4 турнир ги совладаа врсниците од МЗТ Скопје Аеродром со 93:69.
Третото место им припадна на јуниорите од Феникс 2010 кои беа поуспешни од Вардар.
За најкорисен играч (MVP) на турнирот што се играше во „Градски парк“ е прогласен Славчо Темелковски од Работнички.