Фудбал
Јурген Клоп шокиран: Што, Алекс Фергусон, два пати? Не сум го знаел тоа (ВИДЕО)
Еден од најдобрите фудбалски тренери во светот, германскиот стручњак Јирген Клоп, објави дека по девет успешни години минати во клубот го напушта Ливерпул на крајот на сезоната. Англискиот клуб ќе мора да почне да бара нов тренер, иако има и такви кои се уште сонуваат дека Јирген ќе се предомисли и ќе ја задоволи армијата навивачи на клубот од северна Англија.
Klopp didn't know Sir Alex Ferguson stepped down twice 😅 pic.twitter.com/sEDlPjXZdm
— B/R Football (@brfootball) January 26, 2024
Новинарите на многу интересен начин се обидоа да извлечат дополнителни информации од Клоп. Му спомнаа дека Алекс Фергусон двапати во кариерата се збогувал со Манчестер Јунајтед пред официјално да си замине, но тоа повеќе го шокираше Клоп отколку самото прашање. Наместо веднаш да одговори што ги интересира новинарите, Јирген Клоп остана шокиран бидејќи не знаел дека Шкотланѓанецот се предомислил.
„Не. Алекс Фергусон заминуваше два пати? Извинете, не го знаев тоа, Алекс Фергусон поднесе оставка и потоа се предомисли“, го праша Јирген Клоп новинарот.