Connect with us

Фудбал

Јуриќ по втор пат во 2017 доби отказ од Џенова

По поразот од градскиот ривал Сампдорија, соптвениците на Џенова го отпуштија тренерот Иван Јуриќ.

Јуриќ по втор пат годинава е сменет од тренерската функција во тимот за кој настапува и нашиот репрезентативец Горан Пандев.

Првиот пат Хрватот доби отказ во февруари оваа година, а откако по шест натпревари беше сменет Андреа Мандорлини тој повторно да се врати на клупата.

Јуриќ вчера по поразот од Сампдорија со 2:0 повторно е сменет откако клубот во досегашниот тек од сезоната освои само шест бода и се наоѓа на 18 место во Серија А.

Се шпекулира дека Јуриќ нема долго да остане без ангажман бидејќи се споменува како најсериозен кандидат за нов тренер на сплитски Хајрук.