Фудбал
„Јуве“ се разделува со својот стартен голман, нема доволно пари
Јувентус размислува да се раздели со полскиот голман Војчех Шчесни. Ова го пренесува апенинското издание Tuttosport. Клубот од Торино тешко ќе може да си дозволи да продолжи да ја исплаќа солидната плата на полскиот интернационалец. Договорот на 32-годишниот Шчесни со „старата дама“ е до 2024. Полскиот голман за тимот настапува од 2017 година.
Раководството на Јуве веќе најде две потенцијални замени за Шчесни. Првата опција е Марко Карнесеки од Аталанта, кој оваа сезона е на позајмица во Кремонезе. Другиот чувар е Гуљелмо Викарио од Емполи. Матија Перин ќе остане резервниот голман на Јувентус бидејќи има договор до 2025 година.