Фудбал
Јувентус гледа кон Челзи за да го засили средниот ред
Јувентус може да привлече нов играч од средниот ред во случај Артур да го напушти клубот преку овој преоден рок. Како што е познато, Арсенал покажува сериозен интерес за Бразилецот, бидејќи „топчиите“ сакаат да го ангажираат.
Старата дама се уште не се согласила со предлогот на лондончани, но доколку го сторат тоа ќе мора да најдат замена. Според Џанлука Ди Марцио, клубот може да се фокусира на играчот од средниот ред на Челзи, Рубен Лофтус Чик, кој оваа сезона одигра 20 натпревари со 3 асистенции. Другите две опции се Бруно Гимараеш од Лион и Ренато Санчез од Лил, но тие би биле поскапи.
Експертот за трансфери исто така ги појасни напаѓачите кои ги идентификуваа „бјанконерите“ како можни нови засилувања овој месец. Станува збор за Сардар Азмун од Зенит, Мемфис Депај од Барселона, Мауро Икарди од Пари Сен Жермен и Максимилијано Гомез од Селта.