Connect with us

Фудбал

Јувентус го враќа Паредес во ПСЖ

Раководството на Јувентус одлучи да не ги откупува правата на играчот од средниот ред Леандро Паредес. Поради тоа, фудбалерот ќе се врати во Пари Сен Жермен на крајот од сезоната кога ќе му истече договорот за позајмица.

Аргентинскиот репрезентативец беше земен на позајмица од Јуве на почетокот на сезоната. Во договорот меѓу ПСЖ и Бјанконерите е вклучена откупна клаузула во висина од 22,5 милиони евра, која, сепак, нема да биде активирана.

Паредес има 25 настапи за Јуве од почетокот на кампањата, но се уште нема постигнато гол или асистенција. Ова е причината поради која италијанскиот клуб реши да не ја искористи можноста да ги стекне целосните права на играчот од средниот ред.