Connect with us

Фудбал

Јувентус го знае тимот за следната сезона, „трампа“ и плус два-тројца нови

Јувентус ја подготвил стратегијата за преодниот рок. Тоа ќе биде комбинација на размена на играчи плус одредени вложувања.

Она што е прво е тоа дека нема да го пуштат Де Лихт во замена за Погба. Холанѓанецот нема да оди, или ако оди тоа ќе биде за многу пари. Сигурно остануваат Дибала и Роналдо, времето на Игуаин истече.

Неговата замена во нападот би требало да биде Габриел Жезус од Манчестер Сити за кого го нудат Даглас Коста,  а Икарди и натаму останува желба.

Јувентус ќе го продаде Де Шиљо, веројатно на ПСЖ, а ќе се обиде да го донесе Тонали од Бреша, што секако ќе значи крај за Миралем Пјаниќ во Торини.

Од позајмица од Каљари ќе биде вратен Лука Пелегрини за конкуренција на левата бековска позиција, а од заминувањето на Бернандески би зависело купувањето на Кијеза од Фиорентина.

Да потсетиме веќе стигна Кулушевски кој игра како позајмен во парма, а нема да има место за Кедира, додека Рабио и Ремзи најверојатно ќе останат.