Фудбал
Јувентус има планови, Роналдо не е дел од нив!?
„Прашината не се спушта“ во Торино. Се чини дека челните луѓе и стручниот штаб не може да се помири со однесувањето на Роналдо при напуштањето на теренот на мечот со Милан.
Според италијанските медиуми Јувентус има план. Идејата е соработката со Кристијано Роналдо да се заврши, а со тоа да се отвори место и простор, но и финансии, за нова ѕвезда на тимот, која би била ангажирана идното лето. Имиња засега нема, но Јувентус секако се подготвува за следната сезона.
Роналдо има најголеми примања во тимот од Торино, а и без него на теренот делува дека овој состав може до титулата.