Connect with us

Фудбал

Јувентус избран за најдобар клуб во Италија, тренерот на Наполи, Маурицио Сари, е тренер на годината

Италија разочарувачки испадна од Светското првенство во Русија од националниот тим на Шведска, но денес беа доделени поединечните награда во Италија за успехот во другите области во спортот.

Фудбалскиот оскар го доби Џанлуиџи Буфон, најдобар тим е Јувентус, тренер на годината е Маурицио Сари од Наполи, а исто така е избран и тимот на годината, во кој доминираат фудбалерите на „Старата дама“.

Тимот во формација 4-3-3 изгледа вака:

Буфон – Дани Алвеш, Бонучи, Кулибали, Алекс Сандро – Наинголан, Пјаниќ, Хамшик – Мертенс, Игуаин, Дибала.

„Кога ќе го видам овој тим не ме чуди што испаднавме од Шведска“, се пошегувал легендарниот Буфон и дополнил:

„Не очекував дека ќе го добијам трофејот. Го држам цврсто бидејќи никогаш не бев најдобар млад играч“.