Connect with us

Фудбал

Јувентус не сака да го продолжи договорот со Ди Марија

35-годишниот фудбалер минатата година пристигна во Торино како слободен играч откако му истече договорот со ПСЖ.

Ди Марија потпиша едногодишен договор со Јувентус кој истекува на крајот на јуни оваа година.

„Бјанконерите“ наводно одлучиле да не го продолжат договорот со Аргентинецот, а причината е што тој оваа сезона игра во променлива форма.

Ди Марија оваа сезона постигна осум гола и забележа четири асистенции на 35 натпревари.