Јувентус официјално го објави трансферот на Де Лихт

Ова е веста која навивачите на „бјанконерите“ ја чекаа цело лето: Матаис Де Лихт официјално е играч на Јувентус, напишаа од клупскиот сајт на италијанскиот шампион.

-текстот продолжува по рекламата-

Трансферот на 19-годишниот холандски централен дефанзивец е вреден 75 милиони евра, кои „старата дама“ ќе ги исплаќа на Ајакс во период од пет финансиски години.

Одделно холандскиот клуб може да добие дополнителни 10,5 милиони евра во форма на бонуси во зависност од постигнатите резултати. Договорот на Де Лихт со Јуве е до летото 2024 година.

Тој стана трет најскап трансфер во историјата на клубот по Кристијано Роналдо од Реал Мадрид и Гонзало Иггин од Наполи.

Loading...