Connect with us

Кошарка

Јувентус планира да формира и кошаркарски тим

Раководството на Јувентус најави дека наскоро може да формира и кошаркарски тим.

Минатата година Јувентус состави женски фудбалски тим, а сега планира да се прошири и во кошарката.

– Наскоро доаѓа 25 јули. За оние кои сакаат да уживаат во нови предизвици и да преминуваат граници. Изразете го својот потенцијал, напиша Јувентус на Твитер  споделувајќи кошаркарски дрес со грбот на тимот.

Изминатите неколку седмици се појавија гласини дека е можна соработка меѓу Јувентус и кошаркарскиот клуб Оксилиум Торино, кој од неодамна игра во Серија А и во Еврокупот.

Реклама
Реклама

ФОТО

Повеќе од Кошарка

WP Facebook Auto Publish Powered By : XYZScripts.com