Connect with us

Фудбал

Јувентус по 30-ти пат одбиен, не се откажува од титулата од 2006

Како што е познато поради скандалот со местени натпревари „Калчополи“, Јувентус беше казнет со исфрлање од Серие А, парична казна и плус му беа одземени три титули. Онаа во сезоната 2005/2006 му беше доделени на Интер, како второпласиран тим на табелата, а онаа во сезоната 2004/05 не ја доби никој.

Но, „Старата дама“ не се откажува. Веќе ја поднела 30-тата жалба на оваа одлука и по 30-ти пат се одбиени. Сепак, најавуваат дека повторно ќе се жалат на ваквата одлука.