Јувентус почнал преговори со Рајола, дали ќе ги победи Реал, Барса и Јунајтед за „чудото дете“

Според угледниот весник „Газета дело Спорт“ италијанскиот шампион Јувентус ги стартувал преговорите со менаџерот на Ерлинг Халанд, Мино Рајола. Тимот од Торино ќе се обиде да победи во трката за потписот на „чудото дете“ со Реал Мадрид, Барселона и Манчестер Јунајтед.

19-годишниот напаѓач импресионира во дресот на австриски Салцбург и во моментов со 7 погодоци е најдобар стрелец во групната фаза во Лигата на шампионите. Во моментов тој е проценет на 40 милиони евра.

-текстот продолжува по рекламата-