Фудбал
Јувентус со конкретна понуда за тинејџерот, три милиони евра годишна плата
Италијанскиот шампион Јувентус се уште има намера да се здобие со напаѓачот на Салцбург, Ерлинг Халанд, за кого се заинтересирани и Манчестер јунајтед, Борусија Дортмунд , Лајпциг и Наполи.
Клубот од Торино стапи во контакт со Мино Рајола, агентот на 19-годишниот Норвежанец, нудејќи му на играчот плата од три милиони евра годишно плус бонуси, пренесува „Кориере дело спорт“.
Претходно се дозна дека според условите на договорот, во јануари Халанд може да се купи за 20 милиони евра, а Борусија е подготвена да го искористи ова.
Договорот на напаѓачот со Салцбург важи до 2023 година.