Connect with us

SPORTM.mk

Јувентус спремен да го собори рекордот, подготвен да даде 110 милиони евра за трансфер

Јувентус почнува да размислува за следната сезона, а се очекува Бјанконерите да бидат многу активни на летниот пазар.

Главната цел на Старата дама е да го врати Погба и Ањели е подготвен да го сруши рекордот.

Како што пренесува РМЦ Спорт, Јувентус ќе понуди 110 милиони евра за трансфер на Погба.

Погба би го поздравил враќањето во Торино, при што Французинот исто така неодамна се појави во со дресот на Матуиди, играч кој игра во Јувентус.