Connect with us

Фудбал

Јувентус влегува во трката по играч на Барселона

Бекот на Барселона, Нелсон Семедо сака да си замина од „Камп ноу“. За Португалецот најзаинтересиран беше Атлетико Мадрид кој сега ќе треба да го одврзе ќесето ако сака да го ангажира овој фудбалер, затоа што и Јувентус се вклучи во трката за ангажман на Семедо.

Според италијанските медиуми, „старата дама“ го гледа Португалецот како замена за Жоао Кансело кој по се изгледа ќе го напушти Торино и ќе потпише за Манчестер сити. Семедо е еден од четирите фудбалери кои „бјанконерите“ ги гледаат како замена за Кансело. Освен Семедо, тука се и Данило од Сити, Трипиер од Тотнем и Хисај од Наполи.

Извор: Sport1.mk