Connect with us

Другите пишуваат...

Јужноамерикански судии ќе можат да делат правда на ЕП и во Лигата на шампионите

Судии од Јужна Америка во иднина ќе можат да судат натпревари во Европа, а тоа може да се случи уште во групната фаза на претстојното Европско првенство, а потоа и во Лигата на шампионите, – објави УЕФА.

Европската фудбалска федерација ќе соработува со конфедерацијата на Јужна Америка, при што европски судии ќе бидат делегирани на Копа Америка, но и клупските натпреварувања на овој континент.

– Овој договор за размена на судии значи дека јужноамерикански арбитри можат да судат на ЕП 2020, а европски судии на следното издание на Копа Америка, вели УЕФА во своето соопштение.

Идејата е преку соработка да се унапреди судењето и воопшто фудбалот на двата континента, а во иднина може да биде разгледана и идејата за ново меѓуконтинентално натпреварување на клупско ниво.

https://derbi.mk/