Connect with us

Фудбал

Каде се најнемилосрдните судии во топ 5 европските лиги?

Во денешно време фудбалот и судењето се две работи кои одат рака под рака. Уште повеќе, судиите се можеби најкоментираните, па дури и најомразените личности во спортот кој сите го сакаме толку многу. Каде, сепак, се најнемилосрдните судии во големите европски лиги?

Излегува дека најмногу црвени картони се покажани во шпанската Ла Лига, а значително повеќе отколку во другите големи првенства во Европа. Судиите во Шпанија беа под лупа во текот на оваа кампања, но излегува дека тамошните играчи најчесто се „праќаат на туш“.

Бројките се следни: во Ла Лига до овој момент, поточно до 29. коло, се покажаа дури 115 црвени картони, а најстрог е Гиљермо Куарда Фернандез со 11, а потоа Карлос дел Серо Гранде и Хозе. Луис Мунуера Монтеро со повеќе 8.

Во другите врвни лиги на Стариот континент, француската Лига 1 ја следи Ла Лига со покажани 86 црвени картони. Можеби најљубопитно во рангирањето е фактот дека англиската Премиер лига е лига со најмалку прикажани картони – 28.

Во Германија и Италија се покажаа по 35 односно 51 црвен картон.