Connect with us

Ракомет

Кадетите на Кире Лазаров го освоија второто место на ЕХФ Шампионатот, Митев МВП на турнирот

Кадетската машка репрезентација на Македонија го освои второ место на ЕХФ шампионатот за играчи до 19 години.

Во финалето кадетската репрезентација на Македонија загуби од Полска со резултат 33:35.

За МВП на ЕХФ Шампионатот беше прогласен играчот на Македонија, Марко Митев, а Петар Атанасијевиќ за најдобро лево крило.

На овој ЕХФ Шампионат кој се играше во Скопје, македонската селекција до 19 години беше предводена од селекторот Кире Лазаров.