Кадетите поразени од Русија на ЕП, ќе разигрува за пласман од деветтото до шеснаесеттото место

Кадетската репрезентација на Северна Македонија ќе разигрува за пласман од деветтото до шеснаесеттото место на Европското првенство за кошаркари до 16 години, откако денеска избраниците на Денис Дервишевиќ беа поразени од селекцијата на Русија со 70-45 (11-7, 19-11, 16-7 и 24-20).

Андреј Митревски со 14 поени беше единствен кој имаше двоцифрен ефект во нашиот тим.

Следен противник на нашите кадети е репрезентацијата на Босна и Херцеговина. Натпреварот ќе се одигра на 14 август, со почеток во 16:30 часот.

Извор: Нетпрес