Ракомет
Кадетките на Македонија одиграа реми против Шведска, на чекор до четвртфиналето на Мундијалот
Кадетската женска репрезентација на Македонија одигра нерешено 20:20 против репрезентацијата на Шведска во привиот натпревар од главната фаза на 2022 IHF Women’s Youth World Championship. Македонија до ремито стигна со голот на Дукоска во последниот напад.
Со овој нерешен резултат кадетките се чекор поблиску до 1/4 финалето на Мундијалот.
Младеновска со пет гола беше најегикасна во нашиот табор, додека во тимот Шведска Михаиловиќ исто така имаше 5 погодоци..
Следува натпреварот против селекцијата на Исланд на 05.08 во 20:30 часот во СЦ „Борис Трајковски”