Ракомет
Кадетската репрезентација на Македонија замина на турнир во Полска
По неколку дена тренинзи во Скопје и натпревар одигран со младинците на Вардар, кадетската репрезентација, предводена од селекторот Данило Брестовац, денеска замина за Плоцк (Полска), каде до 30 октомври ќе учествува на меѓународен турнир. Покрај Македонија и домакинот Полска, на турнирот ќе настапат и селекциите на Белорусија и на Чешка. Овие подготовки и овој турнир се во склоп на подготовките за настапот на кадетското СП, кое наредното лето ќе се игра во Скопје.
Селекторот Брестовац на располагање има 18 ракометари:
Голмани: Марко Кизиќ (Вардар), Виктор Василевски (Металург 2), Андреј Петковски (Вардар)
Крила: Симон Гучевски (КЛ-7 Струга), Марко Божиновски (Металург 2), Дарко Кондев (Металург 2), Ален Ќосевски (Вардар), Васе Наков (Вардар)
Бекови: Илија Меловски (Металург 2), Тони Атанасовски (Вардар), Дејан Џигеровски (КЛ-7 Струга), Бобан Каковски (Еурофарм Работник), Мартин Карапалевски (Вардар), Мартин Серафимов (Металург), Димитар Ристовски (Металург 2)
Пикери: Кристијан Симоновски (КЛ-7 Струга), Андреј Митиќ (Металург 2), Мартин Мајсторовски (Вардар).
Распоред на натпреварите на турнирот во Полска:
Петок, 27 октомври:
16 часот: Полска – Чешка
18 часот: Македонија – Белорусија
Сабота, 28 октомври:
11 часот: Чешка – Белорусија
13 часот: Македонија – Полска
Недела, 29 октомври:
11 часот: Македонија – Чешка
13 часот: Полска – Белорусија