Connect with us

Тајмаут

Кај си бе индијанец, ќе те прободам со ножици – Поранешен фудбалер нападнал кошаркар на Црвена Звезда во игротека пред неговите деца (ВИДЕО)

Српскиот кошаркар Немања Бјелица во неделата бил нападнат во игротека во Белград, а за сето тоа наводно бил уапсен поранешниот фудбалер Никола Петковиќ. Според очевидци, Петковиќ му пришол на Бјелица додека тој седел во игротеката и му се заканил нему и на неговите деца, по што дури рекол дека „ќе го прободе со ножици“. Сега се појави и видео од случката од игротеката на која се гледа како Петковиќ му приоѓа на Бјелица додека тој мирно седи.

Наводно, Петковиќ му рекол на Бјелица: „Каде си индијанец, ќе ти го е*ам семејството, децата, жената и тебе. Ќе ти ги земам парите и ќе се преселам во Пригревица!“, по што кошаркарот се обидел да ја смири ситуацијата. По оваа непријатна сцена, Петковиќ продолжил да му се заканува нему и на неговите деца, земајќи дури и ножици в раце: „Сега ќе те бодам, кучко! Те чекам на паркинг!“.

Да потсетиме, Бјелица летово се врати во Белград, односно во Црвена звезда, но неговиот статус засега не е познат. Иако играше за црвено-белите на подготовките, не одигра ниту еден официјален натпревар, па се шпекулираше за неговото враќање во Фенербахче, за неговото пензионирање, за тоа дека во одреден момент сепак ќе игра за Звезда кога ќе закрепнува…

Во меѓувреме, ништо од ова не е официјално потврдено. Последен пат Бјелица беше виден во јавноста во декември кога го следеше натпреварот помеѓу Звезда и Ефес во Евролигата. Познатиот српски кошаркар кариерата ја започна во Австрија, а потоа се прослави во Звезда од 2008 до 2010 година. Играше за Басконија, Фенербахче, а беше МВП на Евролигата во 2015 година пред да замине во НБА. Таму играше за Минесота, Сакраменто, Мајами и Голден Стејт, каде што освои шампионски прстен во 2022 година пред да се врати во Фенербахче, а потоа и во Звезда.

Advertisement