Фудбал
Кака не е спремен да се пензионира, што и да одлучи, вратите во Милан во секој момент му се отворени
Во изјава за новинарите во четвртокот попладне, Кака звучеше несигурен во врска со неговата иднина. Откако неодамна го напушти Орландо Сити од МЛС лигата, тој рече дека не одлучил дали е време да ја продолжи својата кариера, или е подготвен да се повлече и да игра улога во како тренер или некоја функција во клубот.
“Имам силни чувства да се вратам во Милано”, рече Кака. “Разговарав со Фасоне за неколку идеи, лични работи. Морам да одлучам дали да продолжам да играм, но тука секогаш имам отворена врата”.
Кака веќе пристгна во Милано и имаше средба со одговорните во Милан и беше топло пречекан во „Каса Милан„.