Тајмаут
Како изгледа Ф1 болидот на Alfa Romeo Sauber?
На крајот од ноември, Alfa Romeo официјално потврди дека се враќа во Формула 1, а викендов официјално беше претставен тимот Alfa Romeo Sauber за 2018 година и беше прикажан изгледот на болидот во кој возачите ќе се натпреваруваат во нараедната сезона.
Alfa Romeo потпиша договор за техничко и комерцијално партнерство со швајцарскиот Ф1 тим Sauber и од сезоната 2018 ќе учествува во светскиот шампионат на Формула 1.