Connect with us

Фудбал

Како против Израел, кој никогаш не „паднал“ во Скопје?

Published

on

Македонската фудбалска репрезентација вечерва против Израел во Скопје го игра последниот меч во квалификациите за пласман на ЕП. Тука се е јасно, од оваа група на континенталниот собир ќе патуваат Полска и Австрија.

Сепак, мотиви кај нашите фудбалери има. Пред се, ќе се обидат со победа над Израел, а во случај на пораз на Словенија, квалификациите да ги завршат на третото место на табелата, нешто што никогаш досега не се случило. Во една ваква ситуација на краjот би имале ист број на бодови со Словенците, но поради подобриот скор во меѓусебните пресметки, 1:1 на гости и 2:1 на домашен терен, би биле трети.

Вториот мотив е самиот Израел. Овие две екипи досега одиграче шест натпревари. Билансот е една победа, едно реми и четири порази од вечерашниот противник. Предизвикот на фудбалерите вечерва ќе биде и да се стигне до првата победа на домашен терен против селекцијата на Израле, бидејќи единствениот триумф е остварен пред две години во Хаифа во рамките на квалификациите за Светското првенство.

Тогаш стрелец на единствениот гол беше Горан Пандев, на асистенција на Елиф Елмас. Нашиот најдобар фудбалер во пресрет на мечот изјави:

Можеби можевме да освоиме и повеќе бодови, но решаваа нијанси. Не успеавме да стигнеме до тоа второ место за директен пласман на Евро 2020, па сега третото место би било добар резултат за нас во овие квалификации. Подготвен сум за дуелот со Израел, а дали ќе настапам зависи од селекторот, вели Пандев.

Натпреварот се игра вечерва во 20:45 часот на Арената „Тодор Проески“.

ДОСЕГАШНИ МЕЃУСЕБНИ НАТПРЕВАРИ

ЕП КВАЛИФИКАЦИИ 2019 – ИЗРАЕЛ – МАКЕДОНИЈА 1:1

СП КВАЛИФИКАЦИИ 2017 – ИЗРАЕЛ – МАКЕДОНИЈА 0:1

СП КВАЛИФИКАЦИИ 2016 – МАКЕДОНИЈА – ИЗРАЕЛ  1:2

ЕП КВАЛИФИКАЦИИ 2007 – ИЗРАЕЛ  – МАКЕДОНИЈА 1:0

ЕП КВАЛИФИКАЦИИ 2007 – МАКЕДОНИЈА – ИЗРАЕЛ 1:2

ПРИЈАТЕЛСКА 2002 – МАКЕДОНИЈА – ИЗРАЕЛ 2:3

Advertisement

Facebook