Тајмаут
Како Роналдо ги учи децата да станат број еден
32-годишниот фудбалер објави интересна порака на Инстаграм како ги учи децата дека за да успеат, мора да се потрудат.
Кристијано Роналдо тренира напорно за да биде најдобар, а сега 32-годишниот фудбалер објави интересна порака на Инстаграм како ги учи децата дека за да успеат, мора да се потрудат.
– Ги учам моите деца дека талентот, работата и посветеноста се единствениот начин да се стане број 1 – напиша Роналдо на португалски до фотографија на која тој е прикажан како вежба додека неговиот 7-годишен син го држи својот 3-месечен брат.
Роналдо исто така е и татко на тримесечно девојче, а во моментов го очекува своето четврто дете со неговата девојка Џорџина Родригез.