Connect with us

Ракомет

Како што се очекуваше, Металург повторно „прегазен“ од Висла

Македонскиот претставник во ЕХФ Европа лига, Металург го доживеа вториот пораз од Висла Плоцк. Слично како на првиот меч, така и сега тимот од Автокоманда доживеа убедлив пораз, овој пати со 35:20.

Ловро Михиќ беше најефикасен на мечот со 8 постигнати погодоци, а во тимот на Металург исто толку постигна Серафимов, 5 имаше Поповиќ, 4 Митиќ, 3 Калуѓеровиќ и тоа беа сите стрелци за нашиот тим.

Следниот предизвик за Металург во Лигата на Европа е мечот против Фајверс во Австрија на 23 февруари.