Connect with us

Тајмаут

Како ѕвездата на Ајакс им се одмаздил на две девојки кои постојано го исмејувале

Многу приказни, интересни моменти, анегдоти имаат спортистите, кои се случиле пред да бидат познати и славни. Една таква со медиумите сподели ѕвездата на Ајакс Дејвид Нерес.

Имено, како што тој вели, кога бил дете немал среќа во љубовта, а славата му го променила животот.

-Имаше две девојки кои постојано не исмејуваа. Пет години подоцна, се вратив во мојот роден град. Ги пронајдов истите тие две девојки. Одлучив да ги однесам во хотел со пет ѕвезди. Им кажав дека морам да одам до тоалет, но наместо тоа заминав дома. Секако, не им ги плтив собите, вели Нерес, кој на тој начин им се одмаздил што го понижувале.

Сега, Нерес има девојка која е модел.