Фудбал
Каков меч: Седум гола и победа на Интер против Сасуоло
Фантастичен меч одиграа Сасуоло и Интер на кој беа постигнати вкупно седум голови. На крајот победи Интер со 4:3.
По само две минути игра Интер поведе со голот на Лутаро Мартинез, но на спротивната страна брзо возврати Доменико Берарди во 16.минута.
Следуваше период на гостите од Милано, кои со два гола на Лукаку, првиот во 38.минута, а вториот од пенал во 45-та го решија полувремето во своја корист.
Во вториот дел нов пенал за Интер, овој пат сигурен реализатор во 71 минута беше Лутаро Мартинез за 1:4. Сепак, по овој гол тимот на Антонио Конте се повлече, што овозможи доволно простор на фудбалерите на Сасуоло да создадат неколку добри шанси. Две претворија во гол, во 74.минута Ѓуричиќ погоди за 4:2, а во 82-та Бога за 4:3. По ова домаќините имаа уште шанси, но голманот на Интер Самир Хандановиќ не дозволи повторно да се затресе негова мрежа, па на крајот Интер однесе три бода од ова гостување.
На табелата Јувентус е прв со 22 бодови, Интер втор со бод помалку, потоа следува Аталанта со 18 и Наполи 16.
Серие А, 8.коло, парови и резултати:
Недела:
Сасуоло – Интер 3:4
15:00 ч. Каљари – Спал
15:00 ч. Сампдорија – Рома
15:00 ч. Удинезе – Торино
18:00 ч. Парма – Џенова
20:45 ч. Милан – Лече
Сабота:
Лацио – Аталаната 3:3
Наполи – Верона 2:0
Јувентус – Болоња 2:1
Понеделник:
Бреша – Фиорентина