Фудбал
Каков пресврт во кариерата на Хамес Родригез
Хамес Родригез после 3 години поминати во Реал Мадрид, одлучи да го напушти клубот ова лето и да замине во Баерн Минхен како позајмен играч.
Но неочекуван развој со повредата на Бејл би можел да ја промени судбината на Родригез. Раководството на Кралевите разимислуваат да го вратат Хамес од позајмица, одлуката ќе ја донесе тренерот Зидан.
Родригез во Реал Мадрид пристигна од Монако во 2014 година, а настапи на 110 натпревари каде забележа 36 погодоци.