Connect with us

Ракомет

Каков проблем за Американците, 18 ракометари позитивни на Ковид 19, Македонија чека „повик“

Репрезентацијата на САД во ракомет е силно погодена со Ковид 19. Дури 18 играчи се позитивни на вирусот пред патувањето на Мундијалот во Египет. Селекцијата на Македонија е „прва резерва“, па доколку се случи САД да нема да учествуваат, тогаш нашата селекција ќе добие повик да биде дел од Мундијалот.

Сепак, според последните информации, Американците успеале да соберат 12 ракометари, бараат уште еден голман, па речиси сигурно ќе тргнат кон Египет со мала експедиција. Ваквата вест за скандинавските медиуми ја потврдил и селекторот на САД, кој инаку е Швеѓанец, Роберт Хедин. Овој национален тим се очекува да отпатува на ракометниот Мундијал прв пат по 20 години и тоа во најтешката можна група, со Норвешка, Франција и Австрија.