Connect with us

Тајмаут

Каков татко, таков син: Роналдо се пофали со импресивната форма на неговиот наследник од теретана

Португалскиот фудбалер Кристијано Роналдо е познат како некој кој посветувал големо внимание на здравиот живот и тренинзите во текот на неговата славна кариера. И покрај тоа што наполни 39 години, Роналдо се уште изгледа импресивно, што не е чудно бидејќи тренира сериозно секој ден. Се чини дека по истите стапки тргна и неговиот потомок Кристијано Роналдо Јуниор, судејќи по фотографиите кои денес Португалецот ги сподели со своите фанови.

Advertisement