Connect with us

Ракомет

Каква чест за голманот на Вардар: Милосављев – трансфер на годината во Европа!

Навивачите на Вардар мислеа дека дојде крајот кога лани од „Јане Сандански“ си замина Арпад Штербик.

Со него „црвено-црните“ освоија една титула во Лигата на шампионите и уште еднаш играа на завршниот турнир во Келн. На негово место дојде релативно непознатиот Дејан Милосављев, 22-годишен голман кој допрва ја почнува својата кариера.

Но, младиот Србин покажа дека е фантастичен на голот, има сезона од соништата на која круна е признанието за најдобро засилување во изборот на специјализираниот ракометен портал handball-planet.com.

На листата од 25 ракометари има уште двајца играчи на Вардар: на четвртото место е Сташ Скубе кој дојде од Пик Сегед и на 20. место, Глеб Калараш кој дојде од Магдебург и игра фантастично.

SPORTCLUB.MK