Фудбалерите на Босна и Херцеговина и Италија одиграа бараж финале за СП кое заврши 1:1.
Победникот беше решен на пенали, а БиХ избори пласман на Мундијалот.
„Змаевите“ во полуфиналето го победија Велс, а Италија Северна Ирска.
Италија поведе во 14. минута преку Кин по грешка во одбраната.
До крајот на полувремето БиХ напаѓаше, но безуспешнп. Потоа Италија остана со играч помалку, Бастони заработи директен црвен, по што следуваше целосна иницијатива на домаќинот.
Во второто полувреме БиХ доминираше, но тешко создаваше шанси.
Италија се бранеше и се обидуваше преку контранапади.
Израмнувањето дојде во 80. минута преку Табаковиќ за 1:1.
По нерешениот резултат, натпреварот продолжи во продолженија, а потоа и пенали.
Кај Италија погоди само Тонали, а Еспозито и Спинацола промашија, додека кај БиХ погодија сите до четвртата серија, па ја заверија визата за СП.
На другите мечеви, Турција го совлада Косово со 1:0, Шведска беше подобра од Полска со 3:2, додека Чешка преку пенали беше подобра од Данска.