Connect with us

Тајмаут

Каква казна добиваат луѓето кои ќе го прекинат финалето на Мундијалот

Финалниот натпревар од Светското првенство кои го играа Франција и Хрватска беше прекинат за неколку минути, затоа што на теренот втрчаа активисти на организацијата „Пуси Рајот“

Судијата беше приморан да го прекина натпреварот откако на теренот втрчаа три девојки и еден маж, а на редарите му беа потребни неколку минути да ги совладаат и да ги извадат од теренот.

Јасно беше дека руската полиција жестоко ќе ги казни членовите на оваа организација, а една од девојките е казнета со 15 дена затвор и три години нема да може да присуствува на спортски манифестации.

Без казна не поминаа ниту останатите членови на оваа организација кои втрчаа на теренот. Тие беа казнети со по 20 дена затвор, а во наредните пет години нема да можат да присуствуваат на спортски манифестации. Исто така ги очекува и жестока парична казна, а руските медиуми пренесуваат дека тоа ќе биде цифра од околу 10.000 евра по човек.