Тајмаут
Каква порака доби Меси од супругата по петте голови против Естонија!? (ВИДЕО)
Неговата Аргентина во пријателски натпревар ја совлада Естонија со 5-0, а Лионел Меси ги постигна сите пет гола. Сега, аргентинската ѕвезда оди на одмор со сопругата Антонела Рокузо и децата.
Антонела Рокузо му испрати порака на Лионел Меси во коментар на една објава:
„Готово е! Дојди дома, ни недостигаш“, напиша Антонела Рокузо.
Пред пријателскиот натпревар со Естонија, Лионел Меси беше еден од најдобрите играчи на „Финалисимо“ со Италија, меч на кој „гаучосите“ славеа со 3:0 на „Вембли“ со двете асистенции на Меси.
Лионел Меси, инаку, стана првиот играч во историјата на аргентинската фудбалска репрезентација кој постигнал пет гола на еден натпревар.
Тој, исто така, стана првиот играч во историјата на фудбалот кој постигнал 1.100 гола вклучувајќи настапи за клубот и националниот тим. Тоа го постигна со 769 голови и 331 асистенција.
За тоа достигнување му беа потребни само 974 натпревари.