Фудбал
Какви промени се очекуваат во ПСЖ на лето?
Францускиот шампион Пари Сен Жермен на лето ќе има радикална промена во својот состав. Клубот се обликува да биде исклучително активен во летниот преоден рок во двете фази. Се очекува парижаните да се разделат со некои од своите ѕвезди како Лионел Меси, Нејмар, Серхио Рамос и Марко Верати.
Тимот од Париз е подготвен да направи „ремонт“ за да стигне до триумф во Лигата на шампионите, а во француските медиуми се појави список со можни засилувања на тимот. Списокот кој се појави главно го сочинуваат играчи кои можат да го остварат сонот на навивачите, а тоа е трофеј во Лигата на шампионите.
ПСЖ сака да задржи моќен напад и тимот ќе се гради околу Килијан Мбапе, кој останува главен во нападот. Дополнително, катарските сопственици на клубот ќе направат се што е во нивна моќ за да го привлечат Виктор Осимене од Наполи.
Следна трансфер цел на ПСЖ се француските бундеслигаши Муса Диаби и Рандал Коло Муани.
Наполи сака 150 милиони евра за Осимен, Муани има цена од 100 милиони евра, а Диаби може да се пресели во ПСЖ за 50 милиони евра.
На листата на трансфер цели е и Кефрен Турам од Ница.
Замената на Рамос треба да дојде од Наполи – Ким Мин-џае, која имаше одлична сезона во тимот на Неапол.