Connect with us

Фудбал

Какво Ел Класико, страшно Ел Класико (ВИДЕО)

Реал Мадрид и Барселона го оправдаа дербито во сите аспекти. Видовме пет голови, вистински возбудувања, спортни ситуации и на крајот победа на Реал Мадрид која веројатно ќе значи нова титула.

На овој меч Барселона два пати имаше водство. Прво Кристенсен по само шест минути игра ја затресе мрежата на домаќините. „Ударот“ го возврати Винициус во 18-та минута. Во вториот дел, поточно во 69-та минута Лопез носи ново водство на Барса, кое траеше само пет минути бидејќи Лукас Васкез израмни на 2:2. Херој на Реал Мадрид беше Белингам кој во судиското надополнување погоди за конечни 3:2.

Standings provided by Sofascore