Фудбал
Какво фудбалско шоу на „Сан Сиро“, Милан промаши два пенали, на крајот…(ВИДЕО)
Милан киксна на домашен терен и одигра 2:2 против изненадувањето на сезоната во Италија, тимот на Болоња. „Росонерите“ имаат голема причина да жалат бидејќи не реализираа два пенали, еден Жиру, а еден Тео Хернандез. Од другата страна, Болоња успеа да реализира најстрога казна во финишот на мечот и да стигне до 2:2 и да се спаси од пораз иако претходно во првиот дел поведоа со 1:0, но потоа Милан успеа да направи пресврт. Сепак, на крајот се чини дека овој резултат е најреален бидејќи двата тима одиграа одлично и пружија вистинско фудбалско шоу на навивачите.
ГОЛОВИТЕ И НАЈИНТЕРЕСНИТЕ МОМЕНТИ ПОГЛЕДНЕТЕ ГИ ОВДЕ
Standings provided by Sofascore